17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Шолц за кинескиот предлог за мир во Украина: Нема тие да ги диктираат условите!

Германскиот канцелар Олаф Шолц го критикуваше мировниот предлог на Кина за војната во Украина, оценувајќи дека не се споменува повлекување на руските војници од украинска територија.

„ Од моја перспектива, не постои јасна реченица која вели: „Руските трупи мора да се повлечат“ – рекол Шолц при неговата вчерашна посета на Индија, пренесува германски „Велт“.

Тој додаде дека осудата на зголемениот ризик од употреба на нуклеарно оружје, што се споменува во кинескиот предлог, е „апсолутно исправна“. Сепак, Шолц истакна дека „не може да има мир под руски услови“.

Кинеското Министерство за надворешни работи во петокот објави документ од 12 точки за позицијата на Пекинг за ставање крај на војната во Украина.