Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Војна во УкраинаСвет

Украински пратеник за „Локално“: Путин мислеше дека ќе побрзаме да ја пречекаме неговата војска со цвеќиња, но ги дочекавме со оружје

Путин сакаше да го заземе Киев за три дена и најголемиот дел од Украина за една или две недели најмногу. Тој веруваше ќе може да го стори тоа додека ја уценува Европа со гас, притоа мислејќи дека никој не би ѝ помогнал на Украина и дека ќе направи сé што сака. Сепак видовме дека ништо од тоа не се случи, вели во разговор за „Локално“ украинскиот пратеник и политичар Олексеј Гончаренко во пресрет на годишнината од почетокот на инвазијата на Руската федерација врз украинско тло.

Пратеникот оценува дека во првите неколку дена, многу светски лидери сметале дека Украина ќе престане да постои, а Киев ќе падне.

-Но, Украинците ја штитат земјата од првиот ден. Од првата секунда од инвазијата. Се надевавме дека нема да биде долго, но помина една година. Сепак, Украинците сè уште веруваат во победа. Ова не е затоа што зборувам како член на Парламентот. Ова е вистина. Може да прашате секое лице на улица во кој било град или село Украина, и тие ќе ви кажат дека Украина дефинитивно ќе победи. Путин мислеше дека ќе побрзаме да ја пречекаме неговата војска со цвеќиња, но ги дочекавме со оружје во рака. Сега Украинците се повеќе обединети од кога било, ни рече Гончаренко.

За тоа што се случува моментално на фронтот и каде се водат најтешките борби, украинскиот политичар појаснува дека главните битки се во Донбас.

-Исто така и во Бахмут. Веројатно пред една година, никој не го знаеше името на овој град. Борби има и во Авдијивка, Дољецк и Вуглдар, каде нашите војници многу добро се справуваат со руските маринци. Русите претрпеа многу големи загуби таму. Москва сега навистина сака да ја заземе територијата на регионот Доњецк. Бидејќи заробија само дел, тие дури и немаат контрола над главниот град во регионот – Запорижја, посочува Гончаренко.

Во наредниот период, соговорникот очекува голема контраофанзива од Украина.

-Планираме да ги вратиме нашите територии и границите од 1991 година. Не сакам да кажам дека е лесно, но ова е нашиот план. Скоро секој Украинец, кога ќе го прашаат што ќе направи прво кога ќе заврши војната, ќе каже, ќе се упатам кон Крим. Затоа нашето расположение е на високо ниво и ќе се бориме до крај, вели тој.

Смета дека суспензијата на учеството на Русија во нуклеарниот договор СТАРТ е уште една нуклеарна уцена.

-Ова е уште еден аргумент дека пред да изгуби Русија, неопходна е денуклеаризација на оваа земја. Потсети ме која друга демократска нуклеарна држава некогаш го уценувала целиот свет? Само диктаторите го прават тоа. На пример, Русија, Северна Кореја или Иран. Со оваа одлука, Путин се обидува да ги крене влоговите, уште еднаш да ја постави ногата и да рече дека е доволно да ѝ се помога на Украина. Но, никој нема да запре. Секој сфаќа дека Русија мора да биде уништена бидејќи оваа уцена нема да заврши на кој било друг начин, објаснува Гончаренко.

Според него, Русија веќе се обидува да го користи Западен Балкан како мека точка за влијание.

-Погледнете само што рече српскиот претседател Вучиќ. Тој му се закани на Косово минатото лето и рече дека Балканот треба да биде денацифициран. Ова е апсолутна реторика на Русија. Затоа мора да бидеме апсолутно будни околу ситуацијата на Балканот. На Путин му треба слаб Балкан, тој сака што е можно повеќе конфликти за да ја подели Европа и да ги натера сите да се караат, оценува политичарот.

Украина побара борбени авиони од Западот, а Гончаренко на тоа гледа на поинаков начин:

-Во првите денови од војната, побаравме да го затворат нашето небо, побаравме тенкови, воздушна одбрана. Тие не ни дадоа ништо. Помина една година и видовме голема поддршка. Запомнете, Шолц категорично изјави дека нема да ни ги предаде тенковите. И сега што? Мислам дека ќе има и авиони. Потребно е малку повеќе време. Како и да е, зборувајќи на сите можни платформи, велам дека што порано требаше да обезбедиме системи за воздушна одбрана и тенкови, толку побрзо ќе се справиме со Русија. Се надевам дека нашите западни партнери ќе го земат предвид ова и авионите ќе пристигнат наскоро, апелира украинскиот политичар.

Н.П.

извор Локално.мк

Можеби ќе ве интересира…

  • Вести +
  • Biznispro.com
  • Жена
Сè повеќе студенти се подготвени да го напуштат факултетот за да го заштитат своето ментално здравје

Една нова анкета на Галуп објави дека 41 процент од студентите кои моментално се запишани на постсредно програма размислувале да се откажат од студиите во изминатите шест месеци. Овој број… Прочитај повеќе

Летно сметање на времето

Летното сметање на времето во 2023 година започнува на 26 март во 02 часот, така што со поместување за еден час нанапред, времето во 02 часот се смета како 03… Прочитај повеќе

УСЈЕ се приклучи на глобалната иницијатива „Час на планетата земја 2023“

Повеќе од една деценија, Цементарница УСЈЕ е дел од глобалната иницијатива „Часот на планетата земја“. Во сабота, 25 март 2023 година, од 20:30 часот до 21:30 часот, УСЈЕ ќе ги… Прочитај повеќе

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

Скопје, 24.03.2023 година – Комерцијална банка е прогласена за „Најдобра банка во Северна Македонија за 2023 година“ од угледниот магазин Global Finance, награда која се должи на понудата на врвни… Прочитај повеќе

Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите кога ќе биде исплатена пензијата

Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница, ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за труд и социјална политика за исплата на пензии за месец март 2023 година. Задолжен… Прочитај повеќе

Замрзнати цените на јајцата и оризот

Владата на Република Северна Македонија донесе Одлука за определување највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало и обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества… Прочитај повеќе

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената… Прочитај повеќе

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме,… Прочитај повеќе

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време… Прочитај повеќе