14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Процесот на евроинтеграција е натпартиски процес во кој сите треба да учествуваат

Според премиерот Димитар Ковачевски ВМРО – ДПМНЕ е политичка партија која две години ги блокира сите процеси во Собранието, бидејќи смета дека на таков начин ќе добие политички поени.

-Доколку го погледнете носењето на законите во Собранието, изборот на уставни судии итн, тоа личи на се освен на политичка дебата во Собрание. Јас лично сум дел од дебатите во Собранието, каде што освен лични квалификации па дури и за членови на семејство, едни ниски напади, не можете да чуете ништо подобро. Од друга страна, уште на почетокот на скринингот  беше упатена до ВМРО – ДПМНЕ покана да дадат свои експерти кои ќе учествуваат во преговарачките тимови кои се организираат од страна на Секретаријатот за европски прашања предводени од вицепремиерот Маричиќ и да бидат вклучени во процесот на преговори. Процесот на преговори е процес кој се води еднаш и којшто завршува еднаш со членство во ЕУ, кажа Ковачевски во интервју за МИА.

Тој вели дека тоа не е процес ниту на еден човек, ниту на една политичка партија, ниту на една Влада.

-Тоа е процес којшто ќе продолжи во текот на наредните, според наши проценки и според целта која сме ја задале во наредните 8 години, до 2030 година за да станеме членка на ЕУ. Од друга страна сметам дека за двотретинско мнозинство во Собранието уставните измени коишто се една од одлуките кои треба да ги донесе државата во делот на пристапувањето кон ЕУ, се една од одлуките за кои е потребно двотретинско мнозинство, бидејќи после тоа ќе следува реформа на правосудниот ситем, за тоа се потребни две третини. Реформа на обвинителскиот систем, повторно се потребни две третини. Реформа на децентралцизација, повторно двотретинско. Реформа на јавната администрација, повторно се потребни две третини. Доколку било која политичка партија поддршката на овие реформи ја условува со избори, тоа значи дека ние пред секоја реформа ќе треба да одиме на избори. Затоа упатувам апел до сите опозициони партии дека процесот на европски интеграции е натпартиски процес во кој сите треба да учествуваат, а политичката дебата може да се води на многу други теми и на тие други теми да се губат или освојуваат гласовите на граѓаните за било кои наредни редовни избори, истакна премиерот.

Зборувајќи за реконструкцијата тој кажа дека таа не е водена од поединци и не е водена од позиции.

-Тоа и се покажува со оглед на тоа дека кон владејачката коалиција се придружува политичка партија која дели исти ставови во однос на европските интеграции на државата. И да не заборавиме и во минатото партијата Алијанса ги поддржуваше одлуките кои што се однесуваат на интеграција на Северна Македонија во ЕУ. Од друга страна јас кажав и се уште кажувам дека вратата за сите политички партии коишто делат иста визија и коишто сакаат да бидат дел од спроведувањето на стратегијата за што побрзо зачленување на земјата во ЕУ вратата за нив во коалицијата е отворена. Меѓутоа сепак ние сме демократско општество, има политички партии коишто имаат различно гледање на работите и секако дека на нив секогаш им постои можност да бидат или дел од владејачката коалиција или да бидат дел од опозиција, истакна премиерот.

Тој кажа дека дел од тие партии декларативно кажуваат дека се за ЕУ меѓутоа практично не поддржуваат ниту една одлука.

-Еве погледнете го гласањето на договорот за ФРОНТЕКС. Тоа е договор каде што за првпат нашата држава потпишува договор со сите земји членки на ЕУ каде македонскиот јазик за првпат е дел од договор со сите други јазици на државите членки на ЕУ. Без никакви додавки, без фусноти и без никакви појаснувања. И погледнете го гласањето, на тоа гласање не беше ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту Демократски сојуз. Тие може да имаат свои објаснувања имало пауза, па биле надвор, па биле внатре, меѓутоа паузата била и за тие што гласаа. А гласаа пратениците на СДСМ, на ДУИ, Алијанса, и да не заборавам некоја партија партијата која застапуваат етнички заедници од турската заедница од српската итн. Така да едно е декларативно вие нешто да поддржувате, во пракса да не правите ништо и потоа само да барате изговори. Затоа сметам дека на крајот на денот оваа реконструкција ќе биде поддржана во Собранието и парламентарното мнозинство ќе биде поголемо од тоа што беше досега и ќе може да продолжи со реформите и со поефикасно спроведување и гласање на законите кои што Владата ги доставува до Собранието или кои што сами пратениците ги предлагаат, вели Ковачевски.