10.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Вработен во британската амбасада осуден на 13 години за шпионирање за Русите

Дејвид Балантин Смит (58), поранешен чувар на британската амбасада во Берлин, обвинет за шпионирање за Русија, е осуден на 13 години и два месеци затвор пред судот во Лондон, објави „Гардијан“.

Смит, по потекло од Пејсли, Шкотска, собирал доверливи документи од амбасадата во Берлин и ги предавал на руските власти додека работел во амбасадата.

Смит беше уапсен во 2021 година и се изјасни за виновен во ноември минатата година за осум обвиненија според Законот за службени тајни, вклучително и едно обвинение за предавање информации на рускиот воен аташе во Берлин, генерал-мајор Сергеј Чухров, во ноември 2020 година.