25.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Руски бизнисмен: Ќе има војна меѓу Америка и Кина ако Украина загуби

Војна меѓу САД и Кина за Тајван е неизбежна доколку Русија ја добие војната со Украина, предупреди рускиот бизнисмен и критичар на Путин, Михаил Ходорковски.

Ходорковски некогаш беше најбогатиот човек во Русија и сопственик на нафтената компанија „Јукос“. Тој помина 10 години во затвор, а Путин го помилува во 2013 година. Пред неговото обраќање до глобалните лидери на големата безбедносна и одбранбена конференција, која ќе се одржи викендов во Германија, тој за „Вашингтон пост“ изјави дека „изгубената војна во Украина е чекор кон војна во Азиско-пацифичкиот Регион“.

„Америка може да влезе во војна во Азија доколку Украина ја изгуби војната“.

Тој истакнува дека единствениот начин да се избегне таков конфликт со Кина е значително да се зголеми западната воена помош за Киев и на крајот да се обезбеди победа на Украина.