5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Турчинка доставила хуманитарна помош за настраданите од земјотресот, па загинала во сообраќајка

Триесет и тригодишната Турчинка Дилај Чевиз од Измир загина во сообраќајна несреќа кога камионот со хуманитарна помош за настраданите од разорниот земјотрес во Кахраманмараш излетал од патот.

Двајца нејзини пријатели, кои биле во истото возило, се повредени, пренесува „Милијт“.

Во земјотресот, чиј епицентар беше во Кахраманмараш, загинаа повеќе од 40 илјади луѓе во 10 провинции, а испраќањето хуманитарна помош во погодените подрачја продолжува од првиот ден.

Дилај Чевиз со своите пријатели од Измир во саботата вечерта тргнала да ја собере хуманитарната помош и заедно со членовите на хуманитарната организација во која членувала им ја доставила на настраданите од земјотресот.

На враќање, комбето, управувано од Серхат К., удрило во бариерите и излетало од патот. Возачот од засега непознати причини изгубил контрола над возилото.

Најновите фотографии од убавата Турчинка се направени со мобилен телефон, на кои се гледа како им помага на своите пријатели додека собира хуманитарна помош за настраданите во катастрофи.