17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

26-годишна девојка после 201 час е извадена од под урнатините во Хатај

Млада девојка е спасена денеска откако поминала 201 час под урнатините.

Станува збор за 26-годишна девојка по име Мине Акгул, јавуваат турските медиуми.

Девојката ја забележал човекот кој управувал со копачот.

“Веднаш ги алармиравме сите, ангажирани се спасувачките екипи и потрагата. Беше тивко, одевме чекор по чекор. Веднаш ја завиткавме во термо ќебе и сега е во болница”, изјавил еден од учесниците во операцијата.