5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Се урна „Боинг 737-300“ во Австралија

„Боинг 737-300“ се урна во Западна Австралија.

Медиумите известуваат дека се работи за авион за гаснење на пожари.

Според извештајот на австралиската ТВ мрежа „Еј-би-си“, двајцата пилоти кои управувале со авионот успеале да се спасат и да се здобијат само со полесни повреди.

Авионот и’ припаѓал на компанијата „Колсон авиејшн“ и бил ангажиран во гаснењето на два големи пожари кои гореле во националниот парк „Фицџералд ривер“.