14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Земјотрес во Турција: Ангажирани повеќе од 300 руски војници

Сириското Министерство за одбрана денеска соопшти дека повеќе од 300 руски војници помагаат за отстранување на последиците од земјотресот во таа земја.

Според Си-Ен-Ен, десет единици на руската армија со вкупно повеќе од 300 војници се вклучени во расчистување на урнатините и помагање во операциите за пребарување и спасување во Сирија по разорниот земјотрес и последователните потреси во земјата.

„Му наредив на командантот на руските сили во Сирија да ја пружи потребната помош“, изјави рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.