13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото илустрација/pixabay
ТЕМАСВЕТ

Турски новинар за време на директен пренос сними нов земјотрес

Катастрофален земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала ја опустоши јужна Турција и соседните Либан и Сирија.

Земјотресот беше почувствуван во многу градови на југот на Турција, особено во провинциите Кахраманмарас, Хатај, Османије, Адијаман, Газиантеп, Шанлиурфа, Дијарбакир, Малатија и Адана.

Телевизиската екипа Ахабер известувала од градот Малатија во југоисточна Турција кога се случил уште еден земјотрес.

На снимката се гледаат репортери како бегаат од урнатините кои паѓаат околу нив додека во позадина се слушаат врисоци на граѓаните. Набргу потоа се урна зграда во нивна непосредна близина.

Потсетуваме дека според последните информации во земјотресите во Турција загинале најмалку 1.651 лице, додека 11.119 лица се повредени, потврди турскиот министер за здравство Фахретин Коџа.

Спонзорирано: