18.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

САД се подготвени да и помогнат на Турција по разорниот земјотрес

Властите на Соединетите Американски Држави (САД) соопштија дека земјата е подготвена да и пружи секаква помош на Република Турција откако нејзините јужни делови утрово беа погодени од разорен земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала.

– САД се длабоко загрижени од извештаите за денешниот разорен земјотрес во Турција и Сирија. Подготвени сме да обезбедиме секаква помош која е потребна.

Американскиот претседател Џо Бајден им наложи на УСАИД и другите партнери на федералната влада да ги проценат опциите за одговор на САД за да им помогнат на најпогодените. Ќе продолжиме внимателно да ја следиме ситуацијата во соработка со владата на Турција – изјави американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан.