16.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ниските температури и снегот ја попречуваат потрагата по исчезнатите во земјотресот

Температурите под нулата и снегот ги попречуваат спасувачките напори и потрагата по исчезнатите во разорниот земјотрес што рано утринава ја погоди Турција, пишува Си-Ен-Ен.

Според извештаите, со ладното и влажно време кое се движи низ регионот, лошите услови веројатно ќе влијаат на спасувачките напори по земјотресот во јужна Турција и северна Сирија.

Иако почетокот на февруари спаѓа во најстудениот дел од годината, сегашните температури се дури и пониски од просечните, и се околу пет Целзиусови степени под сезонските норми.

Се очекува во вторник температурите да паднат под нулата, а најниската температура во Газиантеп се очекува да биде минус шест степени.

И покрај лошите временски услови, властите побараа од жителите да ги напуштат зградите бидејќи се очекуваат нови потреси по земјотресот со јачина од 7,8 степени.

Спонзорирано: