18.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТИЗБОР

Човек го преживеа земјотресот, им рекол на семејството: „Мислев дека ќе умреме заедно“

Страшен земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди јужна Турција и соседните Либан и Сирија.

Според првите информации, загинале повеќе од 200 лица, додека неколку стотици луѓе се повредени. Спасувачите се на терен, а бројот на жртвите се зголемува.

Земјотресот беше почувствуван во многу градови на југот на Турција, особено во провинциите Кахраманмарас, Хатај, Османије, Адијаман, Газиантеп, Шанлиурфа, Дијарбакир, Малатија и Адана.

Нилуфер Аслан, жителка на Адана, имала среќа да го преживее земјотресот.

Тој за Би-Би-Си изјави дека бил сигурен дека неговото семејство ќе умре кога земјотресот го стресе и нивниот стан на петти кат.

– Вакво нешто не сум видел во животот. Се лулавме речиси една минута – изјави тој за Би-Би-Си.

Тој додаде дека ги повикал своите роднини од другите соби, и дека мислел „земјотрес е, барем заедно да загинеме на исто место“.

Откако земјотресот престана, тој и неговото семејство истрчаа надвор, без предмети, само во влечки.

Аслан за Би-Би-Си изјави дека четири згради околу него се урнале.

Спонзорирано: