16.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Болниците во Сирија полни со повредени по земјотресот

Болниците во Сирија се преполни со повредени во земјотресот што рано утринава ја погоди Турција, а кој се почувствува и во Сирија, соопшти Сириско-американското медицинско друштво (САМС).

„Постои итна потреба од средства и сеопфатен итен одговор“, се вели во соопштението на хуманитарната организација.

Се вели дека многу болници се полни, а некои објекти, вклучително и болницата „Ал Дана“, мораа да ги евакуираат пациентите откако претрпеа сериозни штети од земјотресот.

Исто така, породилиштето во Идлеб беше принудено да ги префрли сите новороденчиња во блиската болница.

Претседателот на САМС, Амјад Рас, рече дека организацијата прифаќа жртви.

Земјотрес со јачина од 7,8 степени ја погоди Турција рано утринава, а беше почувствуван и во Сирија.

Спасувачите соопштија дека во земјотресот утринава во деловите на Сирија кои се под контрола на опозицијата загинале десетици луѓе, а стотици луѓе се повредени.

Членови на невладината организација „Бели шлемови“ потврдија дека во земјотресот се повредени неколку стотици луѓе, дека има десетици загинати и дека голем број останале на улица, без покрив над главата, во студеното зимско време, пренесува Ројтерс.

Државните медиуми претходно објавија дека загинале 237 луѓе, бројка за која се верува дека важи само за областите контролирани од владата.

Бројот на загинати во пограничната област меѓу Турција и Сирија се зголеми на 284, соопшти потпретседателот Фаут Октај.

Спонзорирано: