10.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНА+СВЕТ

Нетанјаху: Израел размислува за снабдување на Украина со одбранбениот систем „Железна купола“.

Израел ја истражува можноста за снабдување на Украина со својот најсовремен противракетен одбранбен систем „Железна купола“, изјави денеска израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

– Прашањето за снабдување со оружје беше разгледано и отфрлено од претходната израелска влада. Ќе го проучам ова прашање и ќе одговорам на најсоодветен начин – изјави Нетанјаху во интервју за францускиот канал LCI.

Сепак, тој рече дека Израел мора да ги разгледа своите опции и да ги земе предвид своите интереси во регионот.

– Придонесот на Израел веројатно ќе биде во други области – додаде Нетанјаху.

Израелскиот премиер потсети дека Израел и обезбедил хуманитарна помош на Украина и прифатил голем број украински бегалци.

Спонзорирано: