15.8 C
Скопје
9. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Захарова: Ако немаше санкции, Русија немаше да се развие толку брзо

„Да немаше санкции од Западот, Русија немаше да се развие толку брзо“, рече портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Зеленски беше исплашен од фактот дека Русија брзо се прилагодува на санкциите, истакна Захарова.

„Да не беа санкциите од 2014 година, ние сè уште ќе се гушевме во комфорната зона и парите од нафтата, а „елитата“ наметната од Западот во 90-тите немаше да ни дозволи да се развиваме“, истакна Захарова.

Од друга страна, Западот нема поттик да напредува по принципот дека она што не те убива те прави посилен.

„Западна Европа паѓа во рецесија и, откако ја изгуби својата желба да преживее, тоне“, посочи Захарова, алудирајќи на апелот на Зеленски да ги зголеми санкциите и притисокот врз Русија.

„Да бидам искрена, сега ќе мериме двапати пред да сечеме“, заклучи Марија Захарова.