23.8 C
Скопје
21. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Австрија протера четворица руски дипломати

Министерството за надворешни работи на Австрија означило како персона нон грата двајца вработени во руската амбасада и двајца од руската мисија во ОН, без да ги спомене нивните имиња.

Виена им даде рок на четворицата дипломати до следната среда, 8 февруари, да се вратат во Русија.

Не беше прецизирано кои дејства довеле до протерување на четворицата дипломати.

Руското Министерство за надворешни работи вети реципрочни мерки за потезите на Австрија, како што се коментира во државните медиуми.

Дипломатските протерувања се очигледно ретки во неутрална Австрија, која имаше блиски односи со Русија пред Москва да ја нападне Украина.

Во април 2022 година Австрија протера четворица руски дипломати како дел од координирана акција на ЕУ по откривањето на убиствата на украинските цивили од страна на руските војници во Буча, предградие на Киев.

Пред тоа, во април 2020 година Австрија протера руски дипломат обвинет за шпионажа.

Австрија традиционално се гледа себеси како мост меѓу Истокот и Западот.