17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ученик во САД застрелал наставник, директорот на училиштето добил отказ

Директор на основно училиште во американската сојузна држава Вирџинија добил отказ откако шестгодишен ученик пукал од пиштол и ранил наставник на почетокот на годината.

Училишниот одбор гласаше 5 спрема 1 за отпуштање на Џорџ Паркер само неколку часа откако неговиот адвокат ја објави тужбата.

Абигејл Цвернер, 25-годишна наставничка, била пуштена од болница минатата недела откако била застрелана во градите во нејзината училница.

Се уште не е познато како шестгодишното момче дошло до пиштолот. Полицијата пријавила расправија во училница во прво одделение која резултирала со еден истрел.

Не се работи за случајно пукање, соопшти полицијата.