14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Песков: Зеленски одамна не е противник на Путин

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ги отфрли коментарите на Зеленски дека Владимир Путин е „никој“ со кој не е заинтересиран да разговара.

„Мислам дека не е потребен одговор на таквите изјави“, одговори Песков.

„Тој самиот одамна престана да биде противник на претседателот Путин“, рече тој посочувајќи на, како што рече, неисполнувањето на предизборните ветувања на Зеленски во однос на решавање на ситуацијата во регионот Донбас во Украина и исполнување на договорот од Минск. „Тој се подготвуваше за војна“, рече тој.

Зеленски изјави за „Скај њуз“ дека не е заинтересиран да се сретне со Путин за мировни преговори велејќи дека тој, всушност, е ирелевантен и дека не е сигурен кој точно ги носи одлуките во Русија.

„Не ме интересира средба со Путин. Ни средба ни преговори. Навистина не знам кој ги носи одлуките во Русија. По сеопфатната инвазија, Путин за мене е никој“, рече Зеленски.