Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Камион се судри со ауди – има тешко повредени кај Охрид

На 25.01.2023 во 18.50 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат с.Подмоље– Струга се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „сканиа“ со приколка, со албански национални ознаки, управувано од О.П.(39) од Република Албанија и патничко возило „ауди“ со охридски регистарски ознаки, управувано од П.Д.(40) од Охрид.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот од патничкото возило, а со телесни повреди се здобиле двајца сопатници од истото возило, Ц.Д.(43) и малолетник од Охрид, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

Можеби ќе ве интересира

Каква храна јадеме? Ако и етикетата лаже, на што да веруваме: Нов аларм за храната што ја конзумираме

ДЕСК

ВЕТЕР ДО 60 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС: Се очекуваат најсилни удари во западните делови – детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Пензионер нападнат во Аеродром

ДЕСК