14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Украински војници од Бахмут: Се плашиме дека Русите ќе не опколат

Двајца украински војници кои се борат во источниот град Бахмут велат дека стравуваат од обид за руско опкружување на градот.

„Ситуацијата во градот е многу алармантна, но ние продолжуваме да се бориме“, рече еден војник, кој Си-Ен-Ен не го идентификува од безбедносни причини.

Неименуван војник во Бахмут, со кој Си-Ен-Ен е во постојан контакт со недели, рече дека има интензивни улични борби, но и дека, иако руската закана продолжува да расте, тој не верува дека Русите ќе постигнат значителен напредок во наредните денови.

„Ова е многу загрижувачко за нас и за сите што се со разум, особено за оние кои видоа што се случи со луѓето кои беа опколени во Соледар. Бевме таму и никој не сака тоа да се повтори“, рече војникот.

Украинската заменик-министерка за одбрана Хана Малиар потврди дека Русија „го зголемува притисокот“ врз Бахмут.

„Непријателот фрла значителен број луѓе, оружје и воена опрема во битката обидувајќи се да ја пробие нашата одбрана. Тој трпи значителни загуби, но не се откажува од своите планови“, истакна Хана Малиар на Телеграм.