5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Две лица тешко повредени во ски-центар во Словенија

Две лица беа тешко повредени во словенечките скијачки центри минатиот викенд.

Полициската управа во Марибор соопшти дека 59-годишен скијач паднал во реонот на Словенска Бистрица кога изгубил рамнотежа при исклучување на патеката и тешко се повредил, пренесува словенечкиот портал 24UR.

Полицијата соопшти и дека на истиот простор на приватен имот малолетник бил повреден додека се санкал со друго лице, при што и двајцата паднале од санката.

Порталот „Совена“ наведува дека во последно време е зголемен бројот на несреќи на скијачките патеки, а за тоа придонесува ниската свест за безбедноста на скијачите, како и „нивната дрскост и невнимание“.

Во Словенија носењето заштитна кацига за скијање е задолжително за деца под 14 години, а се препорачува и за возрасни.