8.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
архива/илустрација
СВЕТ

Во судир на 40 возила во Сеул, едно лице загина, а неколку десетици се повредени

Во судир во кој учествувале околу 40 возила на заледен автопат во близина на Сеул, едно лице загина, а десетици се повредени, соопштија денеска локалните власти.

Пожарникарите најавија дека екипи се на терен и дека бројот на повредени може да се зголеми.

Најмалку 29 лица се здобиле со полесни повреди, а три лица се во критична состојба.