12.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Шолет: Косово мора да формира заедница на српски општини

Советникот на државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Дерек Шолет, изјави дека Косово мора да ги исполни сите обврски од дијалогот.

Тој изјави дека тука е и формирање заедница на општини со српско мнозинство.

„Сметаме дека сме во критичен момент и дека Косово и Србија треба итно да се вклучат во дијалогот што го води Европската Унија, која работи на сеопфатен договор за нормализација на односите фокусиран на меѓусебното признавање“, рече Шолет на прес-конференција во Приштина.

Меѓу другото, тој рече дека Соединетите Американски Држави веруваат оти дијалогот е најдоброто средство со кое Косово може да обезбеди европска и евро-атлантска иднина.

Потсетуваме, претходно Шолет се сретна со високи косовски претставници за време на посетата на Косово.

Се разговараше за процесот на дијалог со Србија. Шолет денеска треба да отпатува за Белград, каде што ќе се сретне со српските власти.

Спонзорирано: