14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+СВЕТ

Маргарет Тачер за Путин во 2000 година: Се обидував да најдам траги на човечност на неговата фаца, тој воошто не го вреднува човечкиот живот

Поранешната премиерка на Велика Британија, Маргарет Тачер уште во 2000 година го проценила карактерот на рускиот претседател Владимир Путин и неговото непочитување и неинтересирање за човечките животи.

Во видеото кое стана популарно на социјалните мрежи, Тачер го коментира Путин по тонењето на руската подморница „Курск“ и неговата незаинтересираност да реагира и помогне на морнарите. Додека 118 членови на екипажот на подморницата со денови се бореа за живот, рускиот претседател тогаш не сакаше да си го прекине одморот во Сочи и реакцијата на властите беше задоцнета.

„Доколку таков настан се случи на Западот, вооружените сили веднаш ќе отидат таму и ќе приберат се. Политичарите ќе се соберат и ќе организираат помош, без разлика што е потребно. Ќе има вознемиреност, бидејќи проблемот тогаш не е тонењето на подморницата, туку спасувањето на животите на тие внатре“ рекла Тачер.

Таа сепак истакнува дека реакцијата на Путин била сосема спротивно од тоа, бидејќи Русија тогаш не реагираше брзо и не се обиде да мобилизира и добие помош.

„Не знаевме дали им е потребна наша помош. Ние бевме подготвени да одиме и да помогнеме, да ги испратиме нашите мали подморници кои служат токму за вакви настани. Но нивната бавна реакција само покажува дека во Русија, како и во Советскиот сојуз не го ценат човечкиот живот на ист начин како што тоа го прави западот“ рече Тачер.

Критики за бавната реакција на руските власти при тонењето на подморницата „Круск“ пристигнаа од сите страни, па дури и од руското општество, а според анализите на британската и норвешката подморница, кои сепак беа повикани за извлекување на подморницата, постоеле траги дека можеби имало преживеани и неколку дена по несреќата.

Во несреќата загинаа сите 118 членови на екипажот на „Курск“, а изјавата и проценката на Тачер уште тогаш се покажа како вистинска и своевидно предвидување за незаинтересираноста и негрижата на Путин за човечките животи.

Минатата година Русија започна воена агресија врз Украина со цел задоволување на империјалистичките желби на Путин при што животот го загубија над седум илјади цивили и повеќе од 200.000 војници од двете страни, а речиси осум милиони жители мора да ја напуштат Украина.