25.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Киев и Москва се договорија за размена на 40 затвореници во Анкара

Руската комесарка за човекови права, Татјана Москалкова, денеска изјави дека размената на 40 воени заробеници била договорена на средба со нејзиниот украински колега, Дмитро Лубинец.

Состанокот се одржал во хотел во турската престолнина Анкара на маргините на конференцијата на омбудсманите на Турција, Украина и Русија, наведува британската агенција.

Москалкова денеска на „Телеграм“ објави дека со Лубинец разговарала за прашањата за обезбедување хуманитарна помош за граѓаните на двете земји, а украинскиот омбудсман пред средбата во Турција изјави дека главна тема на разговор треба да биде враќањето на нашите херои осврнувајќи се на размена на затвореници.