8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

МНТ ја замолува јавноста да не изнесува невистини за Катерина Крстева

Во врска со невистинитите наводи и реакции што се јавија последниве денови за починатата актерка Катерина Крстева, а се поттикнати од пензионираната актерка Стојна Костовска, Македонскиот народен театар го дава ова известување со цел заштита на угледот на театарот, но и како желба на семејството.

Благодарение на актерката Весна Петрушевска, Македонскиот народен театар беше информиран за влошената здравствена состојба на актерката Катерина Крстева. Матичната куќа веднаш стапи во контакт со семејството и ги презеде сите чекори во однос на подобрување на нејзината состојба во здравствените институции, со постојан контакт со здравствените работници и во координација со семејството. За целиот овој период, Кате беше опкружена со грижа од сестра ѝ г-ѓа Јелиќ и најблиски роднини.

За жал, нашата Кате не ја доби битката за живот.

Желба на семејството беше последното испраќање да биде во кругот на семејството.

Во јавноста беше изнесено дека Стојна Костовска била во постојан контакт со Катерина Крстева во последниот период. Семејството тврди дека првиот контакт и запознавањето со Костовска се случил на погребот.

Македонскиот народен театар во договор со г-ѓа Јелиќ – сестрата на Катерина Крстева, ја организира отворената комеморација, која ќе биде на 12 јануари (четврток) во 12 часот во МНТ.

Овие изминати три дена, за жал, ниту еден медиум не се јави во МНТ да ја чуе и другата страна, со што ја објавуваме реакцијата во координација и одобрување на г-ѓа Јелиќ.

Матичната куќа и семејството на починатата актерка Катерина Крстева ја замолува јавноста да не изнесува понатамошни невистини и да ја оставиме нашата Кате да почива во мир.