8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Шојгу: Русија ќе продолжи да ја развива нуклеарната тријада

Русија ќе продолжи да развива стратешки нуклеарни сили, бидејќи тоа е главниот гарант на нејзиниот суверенитет и интегритет, изјави денеска рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу.

Шојгу на состанокот на воениот самит рече дека Русија ќе продолжи да ја развива нуклеарната тријада и да ја задржи својата борбена готовност, пренесува Интерфакс.

Според официјалните податоци, руската нуклеарна тријада вклучува стратешки ракетни сили, стратешка авијација и подморници што носат нуклеарни проектили.

Ќе ги зголемиме и борбените способности на Воздухопловните сили, како во делот на операцијата на ловци и бомбардери во областа на функционирање на современи противвоздушни системи, така и во однос на подобрување на беспилотните летала“, рече Шојгу.

Тој посочи дека непосредните планови на Русија се проширување на арсеналот на модерно офанзивно оружје.