11.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Брисел го повика на разговор иранскиот амбасадор поради бруталното осудување на Белгиец во Техеран

Белгија го покани амбасадорот на Иран на разговор откако белгиски државјанин беше осуден на брутална казна во Техеран, соопшти денеска министерката за надворешни работи Хаја Лахбиб.

Реакцијата на Белгија дојде откако Техеран го осуди белгискиот хуманитарен работник Оливие Вандекастел на 40 години затвор и 74 удари со камшик, како што според Брисел е одмазда за 20-годишната затворска казна што белгискиот суд му ја изрече на ирански дипломат во 2021 година.

Вандекастел беше осуден за шпионажа, соработка со САД против Иран и перење пари.