22.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Мексико: Бројот на загинати во нападот на затворот во градот Хуарез се искачи на 19

Во напад на затвор во мексиканскиот пограничен град Хуарез загинаа 19 лица, а лидерот на картелот успеал да побегне заедно со уште дваесет затвореници, соопштија денеска властите во земјата.

Министерот за одбрана, Луис Крешенсио Сандовал, на прес-конференција изјави дека вооружената група, која била во оклопни возила, извршила речиси истовремени напади врз затворот и општинската полициска станица, пренесе „Ројтерс“.

Властите соопштија дека нападот во неделата наутро се совпаднал со подготовките за посети на новогодишната ноќ.

Спонзорирано: