14.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Сообраќајот низ Дарданелите повторно во прекин поради густата магла

Минувањето на пловните објекти низ Дарданелите е во прекин трет ден по ред поради густата магла, соопшти локалната управа за воден сообраќај.

„Капетаните на пловните објекти, кои требаше да влезат во теснината од јужната страна, беа информирани дека минувањето на бродовите е прекинато во двата правца поради намалената видливост“, се вели во соопштението.

Од управата додаваат дека планирано е сообраќајот да се обнови кога ќе се крене маглата. Фериботот продолжува непречено.

Густа магла се спушти во Истанбул и во областа на теснината во последните неколку дена. 50-ина лета беа откажани вчера поради слаба видливост.

Спонзорирано: