Членките на НАТО ќе разговараат за целниот буџет за одбраната во наредните месеци, бидејќи некои бараат два отсто да биде минимален износ, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
Одредени сојузници се за моменталната цел од два отсто да биде минималната сума наменета за одбраната, нагласи Столтенберг.
Столтенберг изјави дека ќе ги води преговорите на министерско ниво и во главните градови на земјите-членки.
Тој не прецизираше кои членки на Алијансата ја бараат амбициозната барана сума.
Столтенберг додаде дека целта е да се постигне договор најдоцна до следниот редовен самит на НАТО, кој ќе се одржи на 11 и 12 јули во Вилнус.