26.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Две лица загинаа во пожари предизвикани од пиротехнички средства

Две лица загинаа, а седум се повредени во пожари предизвикани од пиротехнички средства во Полска на новогодишната ноќ, изјави Карол Ќершковски, портпарол на противпожарната служба.

Тој рече дека за време на приемот, во Полска избувнале околу 700 пожари предизвикани од огномет.

– Најчесто станува збор за пожари во контејнери, грмушки, автомобили и канти за отпадоци – изјави Ќершковски на новинарите и додаде дека 12 автомобили се оштетени.

Според него, во пожарите се повредени седум лица, додека две лица го загубиле животот.

За време на новогодишната ноќ, пожарникарите биле повикани повеќе од 1.200 пати, од кои 149 биле лажни тревоги.