5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Џефри Најс: На Путин оваа година може да му се суди за воени злосторства

На рускиот претседател Владимир Путин оваа година треба да му се суди во Украина за воени злосторства извршени таму, вели човекот кој го водеше кривичниот процес против Слободан Милошевиќ.

Џефри Најс изјави за Би-Би-Си дека Путин е виновен за напади врз цивилни цели за време на војната. Британскиот обвинител го изрази своето изненадување што обвинителите и политичарите не зборуваат за тоа послободно и поотворено.

Русија негира дека извршила воени злосторства, потсетува Би-Би-Си.

Но, говорејќи за програмата на Радио 4, Ниајс ги опиша дејствијата на Москва за време на инвазијата како „злосторства против човештвото“ – бидејќи биле нападнати цивилни цели.

Злосторствата против човештвото се меѓу најтешките злосторства според таканаречените „правила“ на војната.

Тие закони забрануваат напади врз цивили – или инфраструктура клучна за нивниот опстанок – и се утврдени во меѓународните договори како што е Женевската конвенција.

На пример, повторените руски напади врз енергетската мрежа на Украина во текот на зимата се опишани како воени злосторства поради штетата предизвикана врз цивилите. Русија инсистира на тоа дека цели само на воени цели.

Меѓународната заедница ги обвини руските војници за илјадници злоупотреби од почетокот на нивната целосна инвазија на соседната земја во февруари.

Главниот обвинител во Киев вели дека досега се регистрирани повеќе од 62.000 воени злосторства, вклучително и смртта на повеќе од 450 деца. БиБиСи не можеше да ги потврди овие бројки.