14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Бајден со нетрпение ја очекува соработката со Нетанјаху

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави денеска дека со нетрпение очекува да работи со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и да го промовира регионалниот мир, вклучително и мирот меѓу Израелците и Палестинците.

„САД ќе продолжат да го поддржуваат решението за две држави и ќе се спротивстават на политиките што ја загрозуваат неговата одржливост или се во спротивност со нашите заеднички интереси и вредности“, рече Бајден во изјавата објавена од Белата куќа.

Новата израелска влада претходно денеска положи заклетва, со што Бенјамин Нетанјаху стана премиер по рекорден шести пат.