3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Запленети над 5000 пиротехнички средства, приведени три лица во Радовиш и Струмица

Вчера во 14.15 часот во Радовиш, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш го лишиле од слобода А.Ш. (31) од Радовиш.

При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени 4786 парчиња разновидни пиротехнички средства.

Истиот ден, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица ги лишиле од слобода З.М.(41) и Е.Х. (34), двајцата од Струмица.

При претрес во дом и други простории, сопственост на З.М., биле пронајдени 707 парчиња пиротехнички средства, а кај Е.Х. биле пронајдени 131 парче различни пиротехнички средства.

Сите лица се задржани во полициска станица, известен е Јавен обвинител и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопшти полицијата.