8.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Путин потпиша указ за забрана на извоз на нафта во одредени земји

Рускиот претседател Владимир Путин денеска потпиша указ со кој се забранува испорака на нафта за земјите кои воведоа ограничување на цената на руската нафта.

Во уредбата се наведува дека оваа мерка ќе стапи на сила од 1 февруари следната година и ќе трае до 1 јули.

Во текстот се посочува дека претседателот може да даде посебна дозвола за испорака на нафта и нафтени деривати на земјите кои воведоа ценовни ограничувања за руската нафта.

Во документот, кој е објавен на порталот за правни информации, се наведува дека испораките на руска нафта се забранети доколку во договорите директно или индиректно е наведено ограничување на цената.

Според декретот, Путин може да даде посебна дозвола за испораки на нафта и нафтени деривати без оглед на ценовната граница.