24.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Брутално божиќно утро во Украина: Русите нападнале 71 објект

Сирените за воздушен напад се огласија низ Украина, како и во главниот град Киев, јавува Анадолија.

Локалните власти го повикаа населението да се пресели во засолништа поради потенцијалните закани од руските напади.

Сирените не се вклучија во регионот на Крим, кој беше анектиран од Русија во 2014 година.

Во Украина речиси секојдневно се слушаат предупредувања за воздушни напади поради ракетни напади и напади со беспилотни летала насочени кон цивилната и енергетската инфраструктура во земјата. Ваквите напади драматично се зголемија откако во октомвриската експлозија го оштети клучниот руски мост Керч на полуостровот Крим.

Русија започна речиси секојдневни воздушни напади, особено врз цивилната и енергетската инфраструктура, по нападот на мостот Керч, кој ја поврзува Русија со Крим, на 8 октомври.

Шефот на Регионалната воена управа појасни дека руските агресори ја погодиле областа 71 пат, користејќи артилерија, повеќецевни фрлачи и минофрлачи.