22.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Косовската полиција апсењше на граничните премини и на аеродромот

Во својот 24-часовен извештај косовската полиција регистрирала два случаи на фалсификување документи на аеродромот во Приштина.

Истовремено, врз основа на судски наредби уапсила исто толку лица на два премина, додека уште едно е уапсено во близина на Албанија поради неовластен премин.

Во полиција било пријавено дека државјанин на Гана на аеродромот во Приштина приложил осомничен фалсификуван белгиски документ за идентификација.

Осомничениот е приведен, а за случајот известен е и обвинителот.

На истиот аеродром истиот ден било пријавено дека жена од Косово приложила хрватски пасош, за кој исто така постои сомневање дека е фалсификуван.

Документот е одземен, жената е пуштена на слобода и е поведена редовна постапка.

Полицијата вчера изврши две апсења на барани лица – едното на преминот Џенерал Јанковиќ, а другото кај Мердар. Двајцата се уапсени врз основа на судска наредба и испратени на издржување на казната.

Косовската полиција вчера уапсила и маж од Албанија во селото Рестелица поради неовластен премин, информираат од полицијата.