17.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Снежна бура во Јапонија, загинаа осум лица

Најмалку осум лица загинаа, а неколку се повредени при обилни снежни врнежи во Јапонија, соопштија официјални лица.

Обилниот снег продолжува да предизвикува проблеми на брегот на Јапонското Море, објави телевизијата NHK.

Снежна бура е забележана долж брегот на Јапонското Море во северните и западните делови на земјата.

Типична шема на зимски притисок околу Јапонија дозволува да дува ладна воздушна маса, соопшти Јапонската метеоролошка агенција.

Оттаму додаваат дека лошото време се очекува да продолжи до понеделник.

Спонзорирано: