17.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Pixabay
ТЕМАСВЕТ

Хорор во болницата во Пеќ: Телото на мртво родено бебе безгрижно го ставиле во машина за перење

Косовската полиција соопшти дека Државното обвинителство и Здравствениот инспекторат покренале истрага против гинеколошкото одделение на Општата болница во Пеќ, а откако било откриено дека некој од одделението по грешка го ставил телото на мртво бебе во машина за перење, од кој е изваден на парчиња, пишува Индекс онлајн, пренесе Косово-онлајн.

И покрај инсистирањето на болничкиот персонал овој скандал да се сокрие, членовите на семејството ја известиле полицијата.

Таткото на бебето изјавил дека случајот го шокирал неговото семејство и дека целата работа излезе на виделина кога болницата одбила да го предаде телото на бебето. Татко не престанал да се обидува да ја дознае вистината за своето мртво бебе, но останал шокиран кога со свои очи ги видел посмртните останки на своето бебе, откако ја извадиле од болничката машина за перење меѓу чаршафите.

Случајот го потврди и косовската полиција, која соопшти дека истрагата ја водат Државното обвинителство и Здравствениот инспекторат.

– Полицијата е известена за случајот што се случи во Регионалната болница во Пеќ и веднаш излегла на местото на настанот, како и државниот обвинител. На местото на настанот излегле и здравствени инспектори. Случајот по наредба на државен обвинител го истражуваат државниот обвинител и здравствените инспектори – се вели во соопштението на полицијата.

Извори од болницата во Пеќ велат дека болницата по секоја цена се обидува да го сокрие случајот, при што врши притисок врз персоналот да не излегуваат информации од болницата. Дури се обидуваат целата вина да ја префрлат на собарките, за да го спасат името на медицинскиот персонал на Гинекологија.

Во меѓувреме, Општата болница во Пеќ на својата веб-страница објави дека за овој случај се суспендирани седуммина вработени и дека против нив е поведена дисциплинска постапка, јавуваат Репортери.

– Случајот се уште е во фаза на истрага и штом истражните органи и здравствената инспекција ќе излезат со наодите и со завршната постапка, јавноста ќе биде информирана за деталите и соодветните мерки предвидени со законот – се наведува во соопштението. .

Портпаролот на Основното обвинителство во Пеќ, Шкодран Ники изјави дека случајот се случил минатата недела и дека во тек е почетната фаза од истрагата.

– Ние сме во почетна фаза од истрагата и не можеме да споделиме повеќе информации поради чувствителноста на случајот. Обвинителот на случајот се сретнал со родителите на бебето и ги информирал за целиот случај – рече тој.

Спонзорирано: