16.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Путин: Воениот потенцијал на земјите од НАТО активно се користи против Русија

Претседателот на Русија, Владимир Путин, се обрати на завршниот колегиум на Министерството за одбрана.

Средбата почна со едноминутно молчење во чест на припадниците на Министерството за одбрана и армијата кои загинаа за време на специјална операција во Украина.

– Воениот потенцијал и можностите на земјите од НАТО активно се користат против Русија. Руските војници кои учествуваат во специјална воена операција во Украина храбро и цврсто ја исполнуваат својата должност – рече Путин.

Претседателот на Русија рече дека армијата ќе продолжи да го зајакнува својот потенцијал, а руските војници денеска ги спореди со хероите од минатото.

– Добро ни се познати сите информации за силите на НАТО и средствата што тие ги користат. Мора да се анализира вооружувањето на НАТО и да се искористи за зајакнување на вооружените сили на Русија, како и големото искуство што го стекнаа единиците – додаде тој.
Путин рече дека Русија ќе продолжи да ја подобрува нуклеарната тријада и ќе ја задржи борбената готовност, бидејќи тоа е главната гаранција за суверенитетот на Русија.

Спонзорирано: