22.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
илустрација / Pixabay
СВЕТ

Најмалку 31 лице починаа поради труење со токсичен алкохол во Индија

Најмалку 31 лице починаа, а 20 се хоспитализирани во тешка состојба кога испиле отровен пијалак што се продавал без дозвола во источна Индија, соопштија денеска властите.

Ова се случило во вторникот и во средата, а жртвите биле од три села во областа Саран во државата Бихар, каде што е забрането производството, продажбата и пиење алкохол.

Продажбата и пиењето алкохол беше забрането во Бихар во 2016 година откога женските групи почнаа кампања за да ги спречат сиромашните работници да ги трошат своите сиромашни приходи на алкохол.

Полицијата соопшти дека некои од 20-те пациенти што биле на третман биле заслепени од токсините во пијалакот.

Неколку опозициски партии, меѓу кои и хинду-националистичката партија Бхаратија Џаната, протестираа пред зградата на парламентот со барање да се укине забраната за алкохол и да се обезбеди паричен надомест за семејствата на загинатите.

Три лица се приведени на распит поради наводна продажба на нелегално произведен алкохол во околината.

Смртните случаи предизвикани од нелегално произведен алкохол се вообичаени во Индија, каде што таквите пијалаци се евтини, но содржат хемикалии, како што се пестициди.

Најмалку 28 лица починаа, а 60 се разболеа по пиењето токсичен алкохол во западната индиска држава Гуџарат претходно оваа година.

Во северната индиска држава Пенџаб најмалку 120 луѓе починаа од овие причини.