14.8 C
Скопје
15. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ирски војник загина во напад на конвој на ОН во Либан

Ирски војник беше убиен во мировната мисија на Обединетите нации, откако беше отворен оган конвој од две оклопни возила со осум лица кои патуваа за Бејрут, соопштија ирските одбранбени сили.

Еден член на привремените сили на Обединетите нации во Либан (УНИФИЛ) е во тешка состојба, се вели во соопштението.

Двајца војници се згрижени со полесни повреди.

„Со големо жалење е што Óglaigh na hÉireann (Ирските одбранбени сили) може да ја потврдат смртта на еден од нашите мировници во сериозен инцидент што се случи синоќа во Либан“, соопштија одбранбените сили.

Причината за нападот се уште не е позната.

Ирскиот министер за одбрана Сајмон Ковени, кој е во Њујорк на состанок на Советот за безбедност на ОН, рече дека денеска ќе се сретне со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, за да разговара за инцидентот.

УНИФИЛ е основан во 1978 година за да го надгледува израелското повлекување од Либан за време на либанската граѓанска војна и израелската инвазија на Либан.