11.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Франција мобилизира 10.000 полицајци пред мечот со Мароко

Речиси 10.000 полицајци, од кои 5.000 се во Париз, се мобилизирани во пресрет на вечерашниот полуфинален натпревар меѓу Франција и Мароко.

Ова го соопшти Жералд Дарманин, министер за внатрешни работи на Франција.

Во саботата вечерта во Париз имаше околу 1.500 полицајци, кои ја надгледуваа првата прослава на мароканските навивачи, а потоа и репрезентацијата на Франција, која избори пласман во полуфиналето.

Мароканците имаат огромна дијаспора во Франција и полицијата ги презеде сите превентивни мерки за да спречи евентуални конфликти по натпреварот, чиј влог е пласман во финалето на планетарното првенство.