5.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Министрите на ЕУ препорачаа кандидатски статус за БиХ

Министрите за европски прашања денес им препорачаа на лидерите на земјите-членки да и’ дадат кандидатски статус на Босна и Херцеговина.

Одлуката треба да биде потврдена од Европскиот совет или лидерите на земјите-членки на нивниот самит во четврток.

„Следејќи ги заклучоците на Европскиот совет од 23 и 24 јуни 2022 година, а во светло на последователната препорака на Комисијата од 12 октомври 2022 година, Советот препорачува на Босна и Херцеговина да и се додели статус на земја-кандидат, кој треба да биде потврден од страна на Европскиот совет“, се вели во заклучоците кои ги усвои Советот за општи работи составен од министрите за европски прашања на земјите-членки.

Се додава дека тоа „имплицира дека се преземени чекори од препораките на Комисијата со цел зајакнување на владеењето на правото, борбата против корупцијата и организираниот криминал, управувањето со миграцијата и основните права“.

Спонзорирано: