10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Три лица загинаа во престрелка во Австралија, меѓу жртвите има и полицајци

Три лица загинаа во престрелка во Австралија, меѓу жртвите има и полицајци, пренесуваат медиумите во регионот.

Станува збор за двајца полицајци и еден граѓанин а настанот се случил на оддалечен имот во Квинсленд, Австралија.

Полицајците реагирале на повик за исчезнато лице во место кое е на 270 километри западно од Бризбејн.

Насилниците се уште се на слобода, соопшти полицијата на прес-конференцијата.

На жителите во близина на имотот им е кажано да останат во затворени простории „до понатамошно известување“.

„Полицијата прогласи вонредна состојба во врска со актуелниот инцидент“, се вели во полициското соопштение.