10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Крвав пакет во украинската амбасада во Грција

Украинската амбасада во Грција добила крвав пакет од непознати испраќачи, објави денеска „Клименко тајм“.

Како што наведува овој украински медиум, пликото е испратено од истата адреса наведена на пакетите што украинските дипломатски мисии претходно ги примија.

Претходно министерот за надворешни работи на Украина Дмитро Кулеба изјави дека сомнителни пакети биле испратени до украинските амбасади во Италија, Полска, Португалија, Романија и други земји.

На крајот на ноември, на почетокот на декември, шпанската полиција и влада објавија дека вработен во украинската амбасада во Мадрид бил повреден кога отворил писмо-бомба, а исто така биле испратени пакети со животински очи до некои украински амбасади.