18.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Руски пратеник: Русија и Србија може да се обединат

Првиот заменик-претседател на Комитетот за меѓународни прашања на Државната дума Алексеј Чепа за „Говорит Москва“ изјави дека Русија и Србија можат да се обединат.

Тој изјави дека обединувањето може да се случи по референдумот. Според него, референдумот е неопходен за „подоцна никој да не каже дека билo окупација“.

Како што истакна Чепа, иднината на државата треба да ја одреди народот. Тој смета дека „се треба да се направи чисто“.

Пратеникот посочи дека руската страна во секој случај ќе даде поддршка поради фактот што Србија е длабоко пријателска земја кон Русија. Чепа додаде дека и Руската Федерација се надева дека српската страна ќе може да се справи со провокациите со кои се соочува.