17.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Руски авион МиГ-31 пресретна норвешки разузнувачки авион

Руски борбен авион МиГ-31 пресретнал норвешки разузнавачки авион P-3C Orion над Баренцовото море, соопшти рускиот Национален одбранбен оперативен центар.

Единиците за контрола на рускиот воздушен простор забележаа цел која се приближува до државната граница над неутралните води во Баренцовото Море, а авион МиГ-31 од воздушните одбранбени сили за брза акција на Северната флота полета за да го идентификува непознатиот авион, пренесува ТАС С.

„Рускиот борбен екипаж ја идентификуваше воздушната цел како поморски патролен авион P-3C Orion на норвешкото воздухопловство и го следеше над Баренцовото Море. Русија не дозволува никакви прекршувања на нејзината државна граница“, се вели во соопштението.